Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПарис Сен Жермен нуди 60 милиони евра за Кутињо

Парис Сен Жермен нуди 60 милиони евра за Кутињо

Францускиот шампион Парис Сен Жермен ќе понуди 60 милиони долари за трансфер на фудбалер на Ливерпул Филипе Кутињо, пренесуваат денес медиумите. Според овие шпекулации, од Париз веќе го контактирале агентот н бразилецот и соопштиле дека ќе му понудат клучна улога во тимот.

Треенерот на Ливерпул Јирген Клоп веќе подготви замена за еден од најдобрите фудбалер и стрелци во клубот со 12 постигнати погодоци минатата сезона во Премиер лигата, бидејќи сака да го донесе Марио Геце од Баерн и Саидо Мане од Саутемптон.

Кутињо пристигна во Ливерпул во јануари 2013 година од Интер за 12 милиони евра, а настапуваше уште за Еспањол и Васко де Гама. Дресот на репрезентацијата на Бразил го облече 13 пати и постигна еден погодок.