Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПарична награда за сезонските работници кои чистеа по поплавите во Аеродром

Парична награда за сезонските работници кои чистеа по поплавите во Аеродром

Општина Аеродром донесе одлука за исплата на еднократен паричен износ за сезонските работници во општината за нивниот дополнителен ангажман за санирање на последиците од неодамнешната катастрофална поплава.

„Општина Аеродром ќе им исплати еднократен паричен износ во висина од по 5.000 денари на сите ангажирани сезонски работници, кои деноноќно им помагаа на граѓаните во расчистување на последиците од поплавите на територијата на општина Аеродром, но и во Стајковци и другите поплавени региони“, се наведува во соопштението од Општината.