Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанати(Видео): Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

(Видео): Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Алжирецот Абделатиф Бака направи неверојатен подвиг на Параолимписките игри кои се во тек во Рио де Женеиро во дисциплината на 1.500 метри. Имено, во финалето Бака (22), со резултат 3:48,29 стана нов светски рекордер на Параолимписките игри и е нов Параолимписки шампион во категоријата Т13. Тоа “Т” се однесува на спортисти кои настапуваат на патеката, а 13 е трета категорија за слепи лица и лица со оштетен вид. Тоа што е нереално и најневеројатно е дека Алжирецот со овој резултат е подобар и од оној на американецот Метју Сентровиц (3:50,00), со кој го освои златниот медал минатиот месец на Олимпијадата во Рио. Доколку се тркаше против Параолимпиецот, Сентровиц ќе останеше без злато.