Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПараглајдеристи од Прилеп освојуваат медали

Параглајдеристи од Прилеп освојуваат медали

браќата Мартин и Борјан Јованоски се вратија од два светски куп натпревари во параглајдинг кои се одржаа во Црна Гора и Албанија со две втори места. Нивниот татко Миле Јованоски во Албанија стана светски шампион, тој беше прогласен за најдобар во конкуренција на пилоти од 20 земји и успеа да го освои првото место. Успехот од светските купови беше повод за прием кај првиот човек на градот.

„Семејството Јованоски е пример како се преставува Прилеп надвор од Македонија. Како локална самоуправа ние и понатаму ќе создаваме услови за развој на овој спорт. Неодмна добар терен за параглајдерство подготвивме кај мнастирот Трескавец , па заедно со соседно Крушево можеме да организираме и врвни светски натпреварувања“, истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Параглајдерите од Прилеп повторно покажаа што знаат и умеат и успеаја да го достигнат врвот во овој спор. Миле Јованоски, Мартин Јованоски и Борјан Јованоски, покрај тоа што настапуваат за параглајдинг клубот „Делта“ од Прилеп се дел и од водечкиот тим на БГД на светската ранг листа во екипна конкуренција.