HomeДЕНЕШНАСветПапата во Грузија: Обидот за преобратување на православните е голем грев, православието ја бојкотираше мисата

Папата во Грузија: Обидот за преобратување на православните е голем грев, православието ја бојкотираше мисата

Католиците не смеат да се обидуваат да ги преобратуваат православните, бракот е најубавата Божја креација, а они коишто ќе паднат во искушение на прељубата мора веднаш да побараат помош, беа некои од мислите кои поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги изрече во саботата во текот на средбата со челниците на грузиската католичка заедница во главниот град Тбилиси.

„Постои голем грев против екуменизмот, а тоа е насилното врбување. Не смеете никогаш да се обидувате да ги преобраќате православните. Тие се наши браќа и сестри, ученици на Исус Христос“, предупреди папата Франциск неколку часа откако високодостојниците на Грузиската православна црква не се појавија на литургијата која тој ја водеше во грузиската престолнина Тбилиси на стадионот „Михаил Месхи“, пренесе агенцијата DPA.

„Екуменизмот значи да се биде пријател, да се оди заедно, да се моли едни за други, како и милосрдно да се дејствува кога тоа е можно. Не смееме никого да осудуваме или да избегнуваме разговор со брат или сестра затоа што се православни“, додал папата Франциск.

Од друга страна, стадионот „Михаил Месхи“ кој има капацитет од над 27.000 седишта остана полупразен. Грузија е доминантно православна земја и според официјалните податоци во неа живеат само околу 20.000 католици. Меѓутоа, Католичката црква тврди дека во Грузија има околу 112.000 католици, што би било 2,5 отсто од населението.
papa-gruzija
Делегација на Грузиската православна црква не беше присутна. Оттаму соопштија дека „нејзиното свештенство не може да учествува на католичка верска служба поради догматски разлики, кои датираат уште од Средниот век“.

„На крајот не се појави ниту еден православен свештеник. Нивното присуство сепак ќе беше уште еден гест на добра волја по денешниот состанок на папата Францик со (поглаварот на Грузиската православна црква) патријаргот Илија Втори“, изјави портпаролот на Ватикан, Грег Берк.

Грузиските медиуми посветија мало внимание на посетата на папата на Тбилиси и остана првенствено насочени кон предизборната кампања за изборите закжани за 8 октомври. Папата Франциско во Тбилиси допатува синоќа, а на аеродромот го пречекаа грузискиот претседател Гиорги Маргавелашвили и партијархот Илија Втори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com