Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПапата изненаден со распетие со комунистички симбол

Папата изненаден со распетие со комунистички симбол

Папата Франциско денес беше малку непријатно изненаден од боливискиот претседател Ево Моралес кој го пречека со распетие на Исус поставено на комунистичкиот симбол со срп и чекан. Оваа слика брзо го заобиколи светот, некои реагираа прилично негативно оценувајќи го потегот на социјалистот Моралес за непримерен, други пак побрзаа да заклучат дека гестот е во чест на заложбите на Папата за класна еднаквост и осуда на лакомоста и себичноста на капитализмот.

Сепак, зад ова контроверзно распетие има многу поголема симболика и не е изработено за провокација на Папата, ниту за навреда на верниците. Распетието е изработено од свештеникот Еспинал, еден од политчки најактивните кардинали во Латинска Америка кој се обидувал да воспостави дијалог со комунистичките лидери за подобар однос со црквата и верниците кои на овој континент се едни од најпосветените. Еспинал во 1980 година бил убиен во Боливија од левоориентирани милитанти, а Папата го посети и местото на трагичниот настан.

Самиот како аргентинец Папата Франциско добро го разбира духовниот менталитет на латиноамериканците, но и нивната политичка поделеност од крајна десница до крајна левица. Денес во Санта Круз, главниот град на Боливија одржа и маса пред повеќе од 1 милион верници, а Ватикан изјави дека распетието нема да биде поставено во некоја црква.