HomeРЕФЛЕКТОРФилмПапата го примил Скорсезе после проекцијата на филмот „Silence“

Папата го примил Скорсезе после проекцијата на филмот „Silence“

216682836583ef3a99b2e0789980387_v4_big

Папата Франциск денес се сретнал со американскиот режисер Мартин Скорсезе откако минатата недела во Рим беше прикажан неговиот филм „Silence“ околу прогонувањето на христијани во Јапонија во 17 век, соопштено е од Ватикан. Во филмот станува збор за језуитските мисионери кои го бараат својот ментор во Јапонија во 17 век, кога христијаните биле прогнувани. Во соопштението стои дека папата за време на „срдечната средба“ на состанокот со Скорсезе споменал дека ја прочитал книгата врз основа на која Скорсезе го режирал овој филм.

Филмот „Silence“ е снимен според книгата на јапонскиот автор Шусака Ендо од 1966 година. Дејството во филмот го интересира папата Франциск кој како млад се придружил во редовите на језуитите во надеж дека ќе стане мисионер во Јапонија. Тој поради лошо здравје не успеал да го оствари својот сон, но често зборуваше за поранешни и сегашни маченици во црквата.

Режисерот му поклонил две слики на папата, дела на јапонски автор од 18 век, кои послужиле како инспирација за снимање на некое детали во филмот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com