HomeДЕНЕШНАСветПапата Франциско: Оние кои го бомбардираат Алеп ќе одговараат пред господ

Папата Франциско: Оние кои го бомбардираат Алеп ќе одговараат пред господ

Папата Франциско изјави дека они кои се одговорни за бомбардирањето на сирискиот град Алеп ќе мора да „одговараат пред господ“ за стореното дело. „Апелирам на совеста кај оние кои се виновни за бомбардирањето, тие едноставно ќе мораат да одговараат пред бога за тоа“, изјави папата на плоштадот Света Петра, не споменувајќи ја ниту Сирија ниту Русија.

Папата изјави дека е длабоко загрижен поради случувањата во Алеп, каде „умираат и деца и стари и болни лица. Тој го повтори повикот до сите да се вложат максимални напори за целосна заштита на цивилите, истакнувајќи дека тоа е нивен императив и итна обврска. Од вторникот навечер, во бомбардирање беа убиени околу 140 лица, речиси сите цивили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com