HomeДЕНЕШНАСветПапата Франциско именуваше 17 нови кардинали

Папата Франциско именуваше 17 нови кардинали

Папата Франциско именуваше 17 нови кардинали, од кои 13 се помлади од 80 години и според тоа имаат право да гласаат на следната конклава. Меѓу новите кардинали се наоѓаат и тројца Американци, вклучувајќи го и Архиепископот од Чикаго Блез Купиќ и архиепископот Џозеф Тобин.

Останатите кардинали потекнуваат од различни краеви од светот, но тие најмногу од нив доаѓаат од Африка, Океанија, Азија и Јужна Америка за разлика до Европа, која долго време доминираше кога се кардиналите во прашање.

Еден нов кардинал е од Италија, а него папата Франциско го назначи за амбасадор на „Саканите и измачените од Сирија“. Главниот на Римокатоличката црква наведе дека сите 17 нови кардинали ќе бидат официјално „унапредени“ на собирот на кардинали кој ќе се одржи на 19 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com