Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПапата Франциско: Големите сили не ги спречија геноцидите

Папата Франциско: Големите сили не ги спречија геноцидите

Римокатоличкиот поглавар ги оплакуваше жртвите од Холокаустот во текот на Втората светска војна и ги обвниви „големите сили“ кои не превзеле ништо за да ги спречат Нацистити во систематското уништување на Евреите, како и сите малцински групи кои беа на листата за истребување на Хитлер.

Папата Франциско обвини дека сојузниците имале доволно разузнавачки информации за начинот на кој се транспортираат Евреите и сите непожелни граѓани за нацизмот, но ниту една железничка рута не била бомбардирана. Оплакувањето на жртвите има за цел да даде предупредување за денешните политички и воени лидери да не стојат неми и слепи за геноцидите кои денес се вршат во повеќе региони и никој не превзема конкретни чекори во заштита на христијаните на Блискиот исток или ранливите групи.

Поводот за овој трогателен говор на Папата Франциско е средбата со младите луѓе од Торино кои го запрашаа дали може да им веруваат на светските лидери. Понтифот изјави „ Во изминатиот век моќните луѓе не направија ништо да спречат тешки масакри и геноциди. За жал, денес парите и моќта се најважни“. Папата со своите изјави во изминатиот период ја налути и Турција која ја обвини за геноцидот извршен врз Ерменците.