HomeДЕНЕШНАПолитикаПанчевски си ја руши дивоградбата во Центар иако велеше дека обвинувањата се политичка хајка

Панчевски си ја руши дивоградбата во Центар иако велеше дека обвинувањата се политичка хајка

sdafdas

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и неговото семејство, самоиницијативно денеска рушат дел од објектот во близина на градскиот плоштад во Скопје, за кој општина Центар предупредуваше дека е дивоградба.

Панчевски веќе се пожали на одлуката на Центар, но и покрај тоа што Второстепената комисија се уште нема одлучено по неговата жалба, претседателот на Кривичниот суд, одлучил самоиницијативно да руши.

„Се работи за самоиницијативна одлука на инвеститорите да го вратат објектот во првобитната состојба“ – изјави денеска пред новинарите адвокатот на семејството Панчевски, но не одговори на прашањата зошто се одлучиле за рушење пред да видат дали ќе им се прифати жалбата.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески, кој беше на лице место на рушењето, вели дека потегот на Панчевски докажува дека самиот знаел дека се работи за дивоградба на два нелегални ката, бидејќи семејството за овој објект има одобрение само за реконструкција и санација на фасадата.

Рушењето во објектот доаѓа откако Општина Центар најави дека потпишува договор со фирма која треба да постапи по барањата на градежните инспектори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com