HomeДЕНЕШНАПолитикаПанчевски ќе бара 50 илјади евра отштета од Општина Центар

Панчевски ќе бара 50 илјади евра отштета од Општина Центар

zgrada-nelegalna-centar

Семејството на претседателот на Кривичниот суд ќе бара отштета од Општина Центар од 50 илјади евра поради уривањето на два ката доградба, за кои Општината тврдеше дека се дивоградба. Штетата нема да ја плати градоначалникот Жерновски кој постапуваше незаконито, туку, за жал, граѓаните на РМ, вели адвокатот на Панчевски.

Панчевски доброволно ги урнаa катовите, а дали ќе продолжат со градба, ќе одлучат по завршување на судската постапка.

„Со оглед на тоа што инвеститорите беа принудени да постапуваат по вака незаконитото решение односно жалбата не го одлагаше извршувањето како и притисокот кој беше наметнат од овластените лица од Опоштина Центар изразен преку јавни повици на фирми за уривање на наводната дивоградба односно јавни повици за аисистенција од МВР за постапување по истите решенија инвеститорите претрпеа штета која е утврдена со градежно-техничко вештачење“, вели адвокатот Благоја Пеповски

Од Општина Центар велат дека ќе постапат според решението на Второстепената комисија, но дека повторното отворање на постапката ќе значи потврдување на решението за уривање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com