HomeДЕНЕШНАПолитикаПанчевски бара да биде поништена одлуката за негово изземање во спорот за дивоградбата

Панчевски бара да биде поништена одлуката за негово изземање во спорот за дивоградбата

vladimir_pancevski

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, во својство на претседател на Кривичниот суд и со печат на судот сега бара од Врховниот суд да се поништи одлуката за негово изземање, а да се изземе претседателката на Апелациониот суд Љиљана Шопова Ивановска која ја донесе одлуката – објави А1он.

Панчевски ја злоупотребува службената положба за да издејствува позитивен исход за неговата дивоградба. Откако изгради без дозвола два ката сред Центар од 560 метри квадратни, што е кривично дело, сега ја користи позицијата претседател на судот за да ја поништи одлуката на Апелациониот суд кој одлучи да ги изземе него и судијката од претходната постапка во натамошно одлучување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com