Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПаника во Анкара, Парламентот се евакуира поради дојава за напад

Паника во Анкара, Парламентот се евакуира поради дојава за напад

Пратениците во парламентот во Анкара беа евакуирани поради загриженоста за нивната безбедност, објавија медиумите.

Весникот Џумхуриет, повикувајќи се на пратеникот Пир Зија, соопшти за евакуација на парламентот поради подготовка на напад. Самиот пратеник објави на Твитер и краток клип од парламентот.

Сепак, за кратко време откако беше објавена таа информација и по извршената евакуација, турските медиуми објавија дека сепак се работело за лажна тревога.

МИА