Saturday, Jan 25, 2020
HomeДЕНЕШНАРепубликаПанихида за загинатите припадници на полицијата во „Диво Насеље“

Панихида за загинатите припадници на полицијата во „Диво Насеље“

panahida divo naselje

Во Соборниот Храм Свети Никола во Куманово денеска се одржа панихида за осумте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во оружената пресметка во кумановско „Диво Насеље“ пред две години, јавува „А1он“. Панихидата ја организираше општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

– Ова е втора година по ред како се организира панихида за паднатите херои од настаните на 9 мај 2015 година, да оддадеме почит на луѓето кои за оваа земја ги положија своите животи, храбро, не штедејќи се себе си, давајќи пример на сите како треба да се брани државата, како треба да се брани народот, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Четириесетина припадници на полицијата беа тешко повредени.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Кумановци велат дека соживотот во градот продолжува и по настаните во „Диво Насеље. Оние кои живеат на улиците каде што водеа оружените престрелки и чии што куќи беа оштетени, добија обештетување и куќите целосно се обновени. По завршување на настаните беше проценето дека се оштетени 66 куќи.