Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПанел дебата по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Панел дебата по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Панел дебата по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центар во организација на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат евроамбасадорот Самуел Жбогар, шефицата на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен и министерката на информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Целта на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, е да се отвори дебата за неопходноста на медиумските реформи во земјата преку јакнење на учеството на медиумите, јавната админситрација и цивилното општество.

Панел дебатата ќе се фокусира на улогата на медиумите во градењето на мирно, праведно и инклузивно општество, медиумската писменост, квалитетното новинарство како одговор на лажните вести, како и на трендот на закани кон новинарите.