Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПандов: Може е добро некои да го почуствуваат СДС на власт, колку за споредба

Пандов: Може е добро некои да го почуствуваат СДС на власт, колку за споредба

Александар Пандов, еден од најистурените активисти кои ги поддржуваат политиките на досегашната власт, посочува дека ВМРО кое сега сите го плукаат и закопуваат е далеку од готово, а ништо не може да промени ниту СЈО во кое СДСМ вложувало најмногу надеж.

– СЈО ако имаше нешто сериозно против нив одамна ќе го видовме. Сега во последните месец два од нивното работење ќе вадат празни со докази предмети и обвиненија против нив за да го задоволат сценаристот и да ги оправдаат парите кои ги трошат. И се разбира верувајќи дека ќе му помогнат на СДС. Тие се неискусни и незрели и сигурен сум дека се убедени дека СДС ќе владеат вечно, а дека ВМРО нема веќе никогаш да биде власт. Толку им е капацитетот. Не само што СДС нема да владеат вечно, туку нема да истераат ни пола мандат. Со сила убавина не бидува.

СДС не се замерија само со ВМРО, туку и со народот. Со помош на сценаристот сметаат дека ги поразиле народот и ВМРО. Се лажат. Брзо ќе се уверат во ова.

Колку силно и неправедно ќе удираат сега по ВМРО, толку и двојно ќе им се врати по враќањето на ВМРО на власт.

ВМРО е победник на овие избори. ВМРО победи 10 пати по ред од 2005-тата до 2016-тата. Да не го забораваме тоа. Живееме во време на демократија, па по 11 години власт, не е ни чудо ни трагедија да се отиде во опозиција. ВМРО во опозиција ќе оди како победник а не поразен на изборите и по 10 и пол години владеење и жестоки напади и клевети, грешки и пропусти, подметнувања и милион лаги. Со својата посветена работа и труд ова раководство на ВМРО и нејзиниот водач победи на изборите, но овој пат не го победи СДС, туку и многу посилен противник.

Можеби и е добро за некои луѓе кои не се сеќаваат, да го почувствуваат малку СДС на власт. Не само за промена, туку и за споредба, пишува Пандов на Фејсбук.