Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПандов ги обвини „Шарените“ за бегање од дебата

Пандов ги обвини „Шарените“ за бегање од дебата

Александар Пандов, еден од главните предводници на ГДОМ, ги обвини спротиставените граѓански иницијативи и движења меѓу кои и како што тој ги нарече „Шарените“ за бегање од дебата која требаше да се одржи денес на средбата во ЕУ инфо центарот.

eu info centar

Поканети според Пандов биле триесетина претставници од кои сите биле поддржувачи на опозицијата и актуелните протести на „Шарената револуција“, но дебата нема да има поради најави за демонстрации пред канцеларијата со што е проценето дека може да дојде до безбедносен ризик, пренесува Пандов.

Голем дел од повиканите здруженија не сакале да учествуваат воопшто на средбата само затоа што присутен ќе бил и Пандов со што провладините медиуми си добија одлична муниција да ги напаѓаат „соросидите“ кои најчесто бегаат од вакви соочувања на ставови и спротиставени мислења.