Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПандев: Немаме што да изгубиме

Пандев: Немаме што да изгубиме

Нашата најдобра машка фудбалска репрезентација денес игра против селекцијата на Шпанија како дел од 6 круг од групата “Г“ во рамките на квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.

Во пресрет на овој натпревар, капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев изјави дека целиот тим е спремен за овој натпревар во која тие немаат што да изгубат.

“Ние ќе играме против една од најсилните репрезентации во светот. Веќе десет дена се спремаме за овој натпревар и јас сум убеден дека ќе покажеме добра игра во која ние немаме што да изгубиме. Во секој случај, ние ќе го дадеме својот максимум. Шпанците негуваат отворен фудбал и тоа е добро за нивните противници. Ако остават доволно простор, ние ќе се обидеме да ги изненадиме преку контра-напад “, изјави искусниот напаѓач на нашиот национален тим.50555-sp-fudbal-kvalifikacii-press-makedonija-italija-08102016-5777