Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПандев и компанија убедливи против Белорусија!

Пандев и компанија убедливи против Белорусија!

Македонија продолжи каде што застана во Вадуз, нов триумф со 3-0 во пријателскиот натпревар против Белорусија во Скопје.

Спировски прв го отвори натпреварот и ја доведе репрезентацијата со 1-0 на полувреме, потоа следуваа двата гола на нашиот капитен за убедлив триумф од 3:0. Фудбалерите на Игор Ангеловски одиграа одличен натпревар, Алиовски покажа уште еднаш дека е многу важен играч во Македонската репрезентација, кој заедно со “Гранде Пандев“ блескаа на денешниот натпревар.

Денеска бевме сведоци на историски настан во Македонската репрезентација деби доби Дарко Чурлинов, 16-годишниот фудбалер на Келн, кој ги одигра последните неколку минути од натпреварот и имаше една шанса за гол и стана најмлад дебитант во Македонската репрезентација.