Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПанчевски за ТВ 24: Јанева нема да ме заплаши, имам чиста совест

Панчевски за ТВ 24: Јанева нема да ме заплаши, имам чиста совест

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, за кого СЈО има сомневања дека местел предмети кај одредени судии, во телефонски разговор за Тв 24 обвини дека вчерашниот претрес бил брутален и врз него била применета физичка сила.

– Незнаењето на Катица Јанева продолжува. Со ова се постигнати две цели претпоставувам, за изборните резултати за СДСМ и сеење страв во македонското правосудство. Јанева нема да ме заплаши, имам чиста совест. А вчера без да ми бидат посочени правата и без присуство на бранител беше применета сила од припадник на МВР- вели Владимир Панчевски.

При петчасовен претрес во Кривичниот суд, специјалните обвинители ја напуштија зградата со материјалите кои се потребни за предистражна постапка која се води против Панчевски и вработени во судот. Јанева го сомничи за оддаваање на службена тајна.

МВР ги вештачи материјалите кои специјалните обвинители ги запленија во неговата канцеларија, во Кривичниот суд и во домовите на судијата Владимир Панчевски и на двајцата информатичари.