Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПанчевски и „сваровски судијките“ распоредени на случаите на СЈО

Панчевски и „сваровски судијките“ распоредени на случаите на СЈО

Новоименуваниот вршител на должност претседател на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев денеска го донесе новиот годишен распоред на судиите од овој суд. Рибарев, за свој заменик ја именува Славјанка Јанковска, судијката која со само еден потпис ги отфрли таканаречените „бомби” како индиции за постоење на сериозен криминал и корупција и со тоа спречи истраги за високи државни функционери, пишува Актуелно.

Со новиот распоред, истрага во предметите во кои постапува Специјалното јавно обвинителство, ќе води и екс-претседателот Владимир Панчевски. Освен Панчевски, истраги ќе водат и судиите Ненад Савевски, Александра Поп Стефанија и Елена Илиевска-Јосифовиќ.

На најновиот распоред се имиња на судии зад кои се врзуваа серија скандали поврзани со нивниот начин на постапување. Токму Владимир Панчевски, освен што ќе води истраги ќе раководи и со Кривичен совет во кој ќе учествуваат и судиите Љубинка Башеска и Лидија Петровска, позната по скандалот наречен „Сваровски”.