Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПанчев нов спортски директор на ФК Вардар!

Панчев нов спортски директор на ФК Вардар!

Официјално, Дарко Панчев е новиот спортски директор на Вардар. Нашиот најтрофеен клуб се пофали со враќањето на “деветката“ во својот матичен клуб.

Во присуство на претседателот на клубот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев, Дарко Панчев го доби назад својот дрес со број девет и беше претставен на јавноста како нов спортски директон на “црвено-црните“.

„Многу сум возбуден што сум тука на помошното игралиште каде што јас некогаш почнав да тренирам во Вардар. Секој ден ќе доаѓам на стадионот кој за нас секогаш беше и ќе биде наш стадион на Вардар. Овој Вардар сега има сериозни услови за работа со што ни се овозможуваат сите предуслови за да се остварат целите. Ова е трет пат како се враќам во Вардар, со се играчката кариера четврти пат, се надевам дека овојпат ќе останам подолго“ изјави Панчев

Панчев го носеше Вардаревиот дрес на 151 натпревар а постигна 84 гола. Своевремено беше еден од најпопуларните играчи на поранешна Југославија, според начинот на движење и брзи реакции на теренот, тој го доби прекарот “Кобра”.