Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПалестински салафисти се заканија со напади на Израел

Палестински салафисти се заканија со напади на Израел

Радикални исламистички салафисти во Појасот Газа се заканија дека ќе испукаат проектили врз Израел во знак на одмазда за „злочините и заверите“ на Хамас – владеачка фракција на таа територија, објавија израелските медиуми цитирајќи ги извештаите на палестинската новинска агенција Ман.

Разни организации на џихадисти на територијата долж брегот на Средоземното море издадоа заедничко соопштение во кое се закануваат со напади. Тоа е нивниот одговор на наводното прогонување од страна на членови на Хамас на организацијата која беше мета на серија бомбашки напади во Газа, јави агенцијата AFP. Салафистите, кои тврдат дека се сојузници на Исламската држава, презедоа одговорност за серија ракетни напади врз Израел во знак на противење на примирјето склучено меѓу Хамас и еврејската држава по војната што траеше пет години.