Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПаје проговори за ударот кој го тргна Роналдо од финалето

Паје проговори за ударот кој го тргна Роналдо од финалето

Откако се смирија страстите по возбудливото финале меѓу Португалија и Франција каде имаше премногу емотивни моменти, проговоре и фудбалерот Паје кој уште на стартот го собори Кристијано Роналдо повредувајќи го неговото колено. Роналдо се обиде уште десетина минути да остане на терен, но кога силно заплака сите фанови знаеа дека повеќе не може да издржи.

payet ronaldo

Не сакав намерно да го повредам Кристијано Роналдо. Сметам дека стартот беше вообичаен и чисто ја одземав топката. Не е моја одлика да бидам лошото момче на теренот, тоа е сигурно смирено одговори Паје.

Секако, финалето без Роналдо беше многу посиромашно, но затоа и освоената титула на Португалија има многу поголема тежина. Роналдо од друга страна пак, се покажа како вистински лидер и мотиватор на целиот тим.