Sunday, Dec 17, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПадот на доларот ја зголеми цената на нафтата

Падот на доларот ја зголеми цената на нафтата

dolaf-nafta

Цената на нафтата порасна на денешните берзански тргувања, како последица на падот на вредност на доларот.

Вредноста на американскиот долар четврти ден по ред паѓа во однос на главните конкурентски валути, што ја зголеми побарувачката на суриовини, бидејќи нивната доларската цена ги прави поевтини за корисниците на другите парични единици.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јули во електронските тргувања на Њујоршката берза поскапе за 44 центи, односно за 0,92 отсто, дотигнувајќи од 48,42 долари за барел.

Во исто време, северноморската нафта „брент“ за испорака во август, на Берзата во Лондон поскапе за 35 центи (0,71 отсто) на 49,52 долари по барел.

Цената на барел нафта на Лондонската берза минатата недела опадна за 2,7 проценти, додека во Њујорк барел од „црното злато“ поевтини за 2,2 отсто.

Откако цените на нафтата во претходните седум дена достигнаа највисоко ниво оваа година, минатата недела на Лондонската берза тие континуирано се намалуваа, поради стравувањето на инвеститорите од последиците на евентуалниот излез на Велика Британија од ЕУ.

Во бројните анкети пред референдумот на 23 јуни во предност се приврзаниците за излез на Велика Британија од ЕУ, а аналитичарите сметаат дека тоа би можело да доведе до нарушување на финансиските и останатите светски пазари.

Извор: МИА