HomeГИГА БАЈТПЦПаднаа повеќе портали – проблемот бил технички, а не хакерски напад

Паднаа повеќе портали – проблемот бил технички, а не хакерски напад

internet

Утринава голем дел од македонските портали паднаа, поради проблеми на провајдерот „Унет“, кој е техничка поддршка на овие медиуми.

Пристапот е оневозможен до веб-страниците на „фокус.мк“, „новатв.мк“, „либертас.мк“, „сдк.мк“, „локално.мк“, „плусинфо.мк“, „мкд.мк“ како и на електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“.

Антони Пешев, директорот на „Унет“ кој ги опслужува сите овие медиуми за „Мета“ категорично тврди дека не се работи за никаков хакерски напад туку за класичен технички проблем.

– Проблемот се случил синоќа додека сообраќајот на порталите бил мал затоа и не се активирале заштитните механизми. Се работи за линковски проблем и некако не станува збор за сајбер-напад. Работиме на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе биде решен. Потенцирам дека не станува збор за никаков напад – изјави Пешев.

Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com