Паднаа првите казни за непочитување на законот за неделни откупни цени
Стигнаа првите казни за непочитување на законот за неделни откупни цени. Три струмички фирми што се занимаваат со откуп на земјоделски производи заработија казни од 6 до 8 илјади евра поради констатирани отстапки во поглед на истакнување и спорведување на законот за неделни откупни цени. Од државниот земјоделски инспекторат информираа дека контролите во наредниот период ке зачестат заради откупот на црвената пиперка.