Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПад на спортски авион во Словенија, загинаа две лица

Пад на спортски авион во Словенија, загинаа две лица

Две лица го загубија својот живот при пад на спортски авион во Словенија, потврди словенечката полиција.

Несреќата се случила вчера во местото Добрнбеж што се наоѓа во близина на Словенски Коњиќ. Ултралесниот мал авион полетал од спортски аеродром во местото Лоче и непосредно по полетувањето авионот почнал нагло да губи рамнотежа што довело до негов пад. Загинатите лица се словенечки државјани на возраст од 37 и 22 години. Во тек е истрагата за да се утврдат причините за несреќата кои засега се уште се неознати.