Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОвој одбранбен играч е најскапиот американски фудбалер досега!

Овој одбранбен играч е најскапиот американски фудбалер досега!

Одбрамбениот играч Џон Брукс ги напушти редовите на Херта, и потпиша петгодишен договор со тимот на Волфсбург, вредноста на трансферот изнесува 20 милиони евра, а претходно рекордот за најскап трансфер за играч од САД изнесуваше 13 милиони евра, кога Жози Алтидор се пресели од екипата на АЗ Алкмар во Сандерленд.

Џон Ентони Брукс ја започна својата кариера во академијата на фудбалскиот клуб Херта од Берлин, каде што тој ги помина сите младински категории и стигна до најсилниот состав. Тој одигра 131 натпревар за првиот тим на Херта, постигнувајќи 8 гола. За репрезентацијата на САД досега одигра 30 натпревари при што постигна 3 гола.