HomeДЕНЕШНАПолитикаЈован Илиевски нов судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права

Јован Илиевски нов судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права

Јован Илиевски е избран за нов судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права. Парламентарците од 47-те земји членки на Советот на Европа до 17.00 часот одлучуваа меѓу судиите Наташа Габер – Дамјановска, Јован Илиевски и Звонимир Јанкуловски. Парламентарното Собрание на Советот на Европа на тајно гласање го изгласа обвинителот Јован Иливески со мандат од 9 години без право на реизбор. Тој на должност ќе стапи во јануари.

Илиевски е избран со 106 гласа наспорти Габер – Дамјановска која од парламентарците доби 86 гласа. Ваквиот избор во јавноста претставува своевидно изненадување, бидејќи претходно Комисијата за избор на судии предност и даде на Габер – Дамјановска како најквалификуван кадар од Македонија. Извори на 24 Вести велат дека на гласањето претходела силна лоби активност на десничарските партии во Советот на Европа.

Јован Илиевски 18 години работи во обвинителството на Марко Зврлевски, додека изминативе години е Шеф на организиран криминал. Илиевски, Социјалдемократите во повеќе наврати го обвинија за недоследност во одлуките, а како причина за тоа ја поврзуваа роднинската врска со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com