HomeДЕНЕШНАПолитикаЈован Илиевски: Не сакам да ме третираат како баџанак на Мијалков

Јован Илиевски: Не сакам да ме третираат како баџанак на Мијалков

Жал ми е што сум третиран како „баџанакот на Мијалков“, бидејќи професионално сум се реализирал пред оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, вели Јован Илиевски, новиот судија во Европскиот суд за човекови права за Дојче веле.

На прашањето за лобирањето од десничарите, тој одговори дека нема такви информации, туку напротив, се лобирало против него. Додека за СЈО не даде коментар со образложение дека работат на паралелни колосеци и не им се вкрстуваат надлежностите.

Шефот на македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, вчера со 106 гласа „за“ беше избран од Парламентарното собрание на Советот на Европа за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Претходно, Комисијата за избор на судии при ПССЕ, имаше разговори со кандидатите од Република Македонија, по што со тесно мнозинство гласови ѝ даде предност на Наташа Габер-Дамјановска. Звонимир Јанкуловски не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com