HomeДЕНЕШНАЕкономијаОва се најскапите брендови во светот за 2016 година

Ова се најскапите брендови во светот за 2016 година

Четврта година по ред „Apple“ го освои првото место меѓу најскапите брендови во светот во рангирањето на „Interbrand“.

Ранг-листата за 2016-та година покажува дека технолошкиот бренд е оценет на 178 милијарди долари, или за 5% повеќе во однос на една година порано. Второто место го зазема „Google“ со 133 милијарди долари, а третата позиција е за „Coca Cola“ со 73 милијарди долари.

Топ 5 се дополнува со „Microsoft“ и „Toyota“, чии проценки изнесуваат 72.7 милијарди долари и 53,5 милијарди долари. Меѓу десетте најскапи марки во светот се наоѓаат уште и „IBM“, „Samsung“, „Amazon“, „Mercedes“ и „General Electric“.
brendoviНајсилен раст во проценката во однос на лани направи „Facebook“. Социјалната мрежа веќе се рангираше на 15-та позиција, а проценката се зголемува за 48%, до 32.59 милијарди долари. Сериозен раст бележат уште и „Amazon“ (33%), „Lego“ (25%), „Nissan“ (22%), „Adobe“ (21%) и други. Во топ 10 само три компании кои не се американски – јапонската автомобилска марка „Toyota“, јужнокорејскиот „Samsung“ и германски „Mercedes“. Меѓу 11-та и 20-та позиција се уште „BMW“, „McDonald’s“, „Disney“, „Intel“, „Facebook“, „Cisco“, „Oracle“, „Nike“, „Louis Vuitton“ и „H&M“. „Pepsi“ во рангирањето е на 23-то место, а „IKEA“ е три места подолу. „Zara“, сопственост на „Inditex“, која ја поседува вториот најбогат човек во светот Амансио Ортега, е рангирана на 27-та позиција, а „Ebay“ и „Nescafe“ се соодветно на 32-ро и 36-то место. Германскиот производител на автомобили „Porsche“ е 50-ти.

Деби во листата на топ 100 на најскапите брендови во светот направи „Tesla“ која го зазема последното место. Новите две компании, кои потекнуваат од поделбата на „Hewlett-Packard“, исто така се за прв пат во рангирањето – односно на 44-то и 48-мо место.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com