Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОва се најубаво украсените објекти во Скопје пред Нова година

Ова се најубаво украсените објекти во Скопје пред Нова година

Град Скопје ги додели годинешните награди за најубаво украсени објекти во повеќе категории и победниците си добија признанија и пригодни подароци. Sredno-uciliste-nagradeno-4Оваа година за најубаво украсен двор е наградена куќата на Матеа Трпеска, во населбата Водно. Најубаво украсена тераса е на Филип Нечевски во населбата Аеродром. Најубаво украсен двор по петти пат оди во рацете на средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“, додека пак најубаво украсен угостителски објекти е прогласен „Get Cafe “ во Кисела Вода. novogodisni_boi_na_skopje-2Градоначалникот Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје“. На наградените, Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2015 година.