Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветОва се најмоќните жени во светот за 2016 според „Forbes“

Ова се најмоќните жени во светот за 2016 според „Forbes“

На листата на највлиајтелни жени на светот има 100 жени од 29 земји а меѓу нив има политичарки, бизнисменки и други профили вклучувајќи 12 лидери на држави и влади, 32 директорки на големи компании и 11 милијардерки, а нивната просечна возраст е 57 години.

Според магазинот „Форбс“, германската канцеларка Ангела Меркел по шести пат е на првото место на листата на најмоќни жени.

Најмлада жена на листата е 41-годишната директорка на „Јаху“, Мариса Маер, која се наоѓа на 55. место, а најстара е британската кралица Елизабета Втора, на 29. место.

Листата од 2004 година се составува врз основа на повеќе фактори, меѓу кои парите, медиумскиот интерес и влијанието.

Ова се 10 најмоќни жени во светот:

1. Ангела Меркел

2. Хилари Клинтон

3. Џенет Јелен

4. Мелинда Гејтс

5. Мери Бара

6. Кристин Лагард

7. Шерил Сандберг

8. Сузан Војцицки

9. Мег Витман

10. Ана Патриша Ботин