Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимОва се ефектите на енергетскиот пијалок врз организмот

Ова се ефектите на енергетскиот пијалок врз организмот

За енергетските пијалоци има различни тврдења и „урбани“ митови дека се или многу корисни или многу штетни за организмот. Сега научниците направија вистинско истражување кои ги покажува ефектите на енергетскиот пијалок во организмот за рок еден час откако ќе биде внесен.

Во првите 10 минути кофеинот влегува во крвотокот и започнува забрзано чукање на срцето и крвниот притисок. Во следните 35 минути кофеинот почнува да делува како стимуланс, ја подобрува концетрацијата и будноста. До 50-тата минута целиот кофеин е внесен во телото што придонесува црниот дроб да апсорбира повеќе шеќер. На истекот на првиот час доаѓа до пад на шеќерот и ефектите од кофеинот опаѓаат по што ќе се почуствувате уморни и со намалена енергија. Ова не важи за мешањето со алкохол кое е многу популарно, но не се препорачува.

Подолгорочните ефекти се јавуваат подоцна и по еден до шест часа кофеинот се намалува за 50 проценти во организмот, додека пак тие што се на лекарства им треба двојно повеќе време. За 12 часа целосно се расложува кофеинот во организмот, додека пак за 24 часа се јавуваат првите ефекти на „криза“ и се појавува главоболка, мачнина и затнатост.