Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонДали е ова изгледот на Galaxy Note 8?

Дали е ова изгледот на Galaxy Note 8?

Артистот Бенџамин Гескин го реализираше првиот концепт за Samsung Galaxy Note 8 кој изгледа многу реално, наместо во него да вметнува свои замисли за тоа што очекува.

Токму затоа се претпоставува дека овие дизајнерски насоки може навистина да се најдат кај претстојниот Galaxy Note 8 кој би требало да биде продолжување на одличните промени воведени кај Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus моделите со целосна искористеност на предната површина на екранот со минимална рамка и без никакви физички копчиња.

Според Гескин Samsung Galaxy Note 8 треба да има фантастичен 6.4 инчен дисплеј кој би бил досега најголем во серијата на фаблети на Samsung Mobile за целосно да се искористи новиот дизајн со ултра тенка рамка околу екранот и остранување на главното физичко копче кое е заменето со капацитативни вградени копчиња за интерфејсот. Што мислите вие за концептот на Samsung Galaxy Note 8?