Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосОва е првата слика направена од близина на Плутон

Ова е првата слика направена од близина на Плутон

Леталото „Нови хоризонти“ на НАСА по 9 годишно патување пристигна до својата крајна дестинација, односно пролета покрај Плутон и ја направи првата слика одблиску од џуџестата планета, за едно од најголемите вселенски достигнувања во последниот период.

pluto new horizons

Плутон е многу интерeсна планета за научниците бидејќи е најодалечена од Сонцето и температурите може да достигнат до – 400 степени, но во нејзината орбита има една поголема Месечина наречена Чарон, како и четири помали сателити, па целиот комплекс на небесни тела ќе биде детално скениран од „Нови хоризонти“.

Првата слика од површината на Плутон е навистина импресивна бидејќи открива интересна форма на срце. Во наредниот период „Нови хоризонти“ ќе испрати повеќе материјали од камерите и сензорите, па не очекуваат возбудливи откритија.