Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеОва е најдобрата авиокомпанија во светот за 2016 година

Ова е најдобрата авиокомпанија во светот за 2016 година

Според резултатите од истражувањето кое го спроведе компанијата „Скајтрекс“, „Емирати“ се прогласени за најдобра авиокомпанија на светот за 2016 година. На компанијата со седиште во Дубаи наградата и беше врачена во вторникот, за време на церемонијата во рамките на настанот „Farnborough Airshow“.

Ова е четврти пат во последните 15 години „Емирати“ да биде добитник на оваа престижна награда. Последен пат тоа се случило во 2013 година, а минатата година на врвот на листата се најде компанијата „Катар Ервејс“. Со флота од 250 широкотрупни авиони, „Емирати“ претставуваат најголемата меѓународна авиокомпанија во светот. Титулата најдобра авиокомпанија во Европа и припадна на „Туркиш ерлајнс“.

emirati 2