HomeФЕР ПЛЕЈФудбалОва би било вистинска сензација- „Професорот“ на клупата на англиската репрезентација?!

Ова би било вистинска сензација- „Професорот“ на клупата на англиската репрезентација?!

Арсен Венгер би можел да седне на клупата на репрезентацијата на Англија, пренесуваат англиските медиуми. Англиските медиуми синоќа објавија дека еден од кандидатите за наследник на Сем Алардајс би можел да биде Арсен Венгер, сегашниот тренер на Арсенал. Причина е тоа што на Венгер му истекува следната година договорот со Арсенал. Сепак, често се споменува дека Арсенал подготвува нов договор за Венгер и тоа ги намалува шансите дека тој ќе ја преземе англиската репрезентација.

Сем Алардајс вчера си понуди оставка која веднаш беше прифатена, а покрај Венгер се споменуваа и поединечни поранешни селектори. Сепак, причината поради која медиумите пишуваа за можно преземање на репрезентацијата од страна на Венгер беше една негова изјава од пред неколку месеци. „Дали би можел да ја тренирам репрезентацијата на Англија? Зошто да не. Сепак, сега сум фокусиран на клупскиот фудбал. Секако, Англија е моја втора држава, бев на колена кога победи Исланд“, изјави Венгер.

Сепак, се верува дека тој ќе потпише со Арсенал и ќе остане кај „Топџиите“, но не треба да ја отфрлиме ни оваа можност во целост.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com