Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостОтворена жиро сметка за помош на сираците на кои им изгоре куќата

Отворена жиро сметка за помош на сираците на кои им изгоре куќата

Отворена е жиро сметка на којашто граѓаните може да донираат пари да им се помогне на братот и сестрата, сираци, од Велес на кои пред неколку дена целосно им изгоре куќата.

Никола е волонтер и активист на здружението „Гласот за животните“ од Велес, па здружението за заштита на животните „Анима мунди“ апелира до граѓаните кои се во можност да им помогнат со обувки (патики, кондури), облека, згрижување на четирите кучиња кои ги има спасено и вдомено Никола.

“За Окер да не биде сам. Никој да не биде сам “ – тоа беше повикот на кој единствено Никола одговори, кога пред неколку години го вдоми бездомното куче Окер. Судбината е чудо, вчера токму вдомениот негов Окер беше кучето кое рипна од терасата и со лавеж и гребење по портите на комшиите јави дека гори куќата на на улицата „Коле Цветков“ бр. 29 во Велес. Во триесетина минути огнот ја пеплоса куќата, покуќнината, фотографиите и се она што на 22годишниот Никола и неговата сестричка им беше останато од нивните родители, кои починале пред осум години, двајцата во иста година“, велат од Здружението.

Кој е во можност да донира нешто, директно може да го исконтактира на 075 332 117 или да им пише на неговите другари од Гласот за животните од Велес.

Може да донирате и на жиро сметката на Никола:210501614173945, Тутунска банка

Никола има 22 години и не е вработен, а тој се грижи и за неговата пет години помлада сестра.