Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворена СОС линија за жртвите на семејно насилство

Отворена СОС линија за жртвите на семејно насилство

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), како граѓанска организација која повеќе од  20 години работи на проблемот со насилството врз жените и семејното насилство,  дава помош и поддршка на жените кои се соочуваат со овој проблем ja отвори бесплатната национална СОС мобилна линија за жртвите на семејно насилство на броевите 070 141 700, 075 141 700 и 077 141 700.

sozm-300x188

СОС линијата ја сочинуваат три мобилни бесплатни линии за јавување од сите три мобилни оператори. СОС линиите ја покриваат целата територија на државата и функционираат 24 часа/ 365 дена во годината со што секој може да се јави во било кое време и да добие советување и соодтветна грижа. Утре НСРР ќе организира и јавна дебата за спречување на семејното насилство.