Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворена е прва фабрика за рециклирање на отпад во источна Македонија

Отворена е прва фабрика за рециклирање на отпад во источна Македонија

Во Штип е отворена прва фабрика за рециклирање отпад во источниот регион. Штипското комунално претпријатие „Исар“ во соработка со фирмите „Пакомак“, „Петрев“ и општина Штип денеска отвори мини фабрика за рециклирање на отпадот. Целта е да се покрене свеста кај граѓаните за бенефитот од селекцијата на отпадот. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека инвестицијата во машини и остантиот дел од инфраструктурата чини 40.000 евра.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев вели дека околу еден тон дневно може да се рециклира отпад во мини фабриката на ЈП „Исар“, задача на граѓаните ќе биде да ја издвојуваат пластиката од органскиот отпад. Смета до со оваа инвестиција ќе се добие поквалитетна животна средина, но и финасиски бенифит за штипското комунално претпријатие.