Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворена 126-тата бензинска станица на Макпетрол АД

Отворена 126-тата бензинска станица на Макпетрол АД

Макпетрол АД продолжува со инвестицискиот циклус и непрекинато инвестира во сопствените капацитети со цел на верните потрошувачи да им овозможи нови содржини како полесно би патувале низ територијата на нашата држава. Денеска во 12 часот, свечено беше отворена новата бензинска станица Ќојлија, во Скопје, на која присуствуваа високи претставници на компанијата, како и градоначалникот на општина Петровец. „Изминатиов период, а и оној што следи ни дава многу причини за славење. Минатата недела отпочнавме со одбележување на јубилејот 70 години Макпетрол со стартот на големата наградна игра, а веќе денес, една недела подоцна ја отвораме оваа нова бензинска станица на Макпетрол.

Како Компанија сме пресреќни што одбележувањето на јубилејот не е само преку вообичаените прослави, туку преку презентирање на резултатите од нашиот труд и секако, новите инвестиции“. – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД. Воедно уште поголем мотив за претставниците на компанијата е и отворањето нови работни места на новите бензински станици, со што индиректно му помагаат на локалниот развој и населението. „Уште од втората половина од минатата година започнавме со инвестициски циклус кој преку инвестирање во нашите продажни капацитети продолжува и оваа година.

Преку овие инвестиции, со постојана тимска работа на нашиот професионален кадар, ги имплементираме највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати. На прес конференцијата претставниците на компанијата додадоа дека активностите не застануваат тука. Во план е изградба на нови бензиски станици преку кои на верните потрошувачи, Макпетрол АД ќе им овозможи полесен пристап и нови содржини при користење на услугите.

Како компанија која општествената одговорност ја чувствува како должност кон населението, а не како наметната обврска, овој пат бевме фокусирани и кон соработката со локалното основно училиште. – истакнаа од компанијата. Денешниот настан, односно отворањето на бензинската станица Ќојлија го збогатуваме со мини изложба на ликовните трудови на децата од ликовната секција при ОУ Коста Солев Рацин од Петровец. Темата на трудовите е „Мојата прва асоцијација за Макпетрол“. Голема благодарност за вложениот труд и прекрасните творби“. – додаде Тасевски

Една од примарните цели на работењето на Макпетрол е континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со нафтени деривати, гас и биогорива со врвен квалитет според највисоките европски и меѓународни стандарди.

„Целосната посветеност на компанијата кон следењето и задоволувањето на потребите на потрошувачите подразбира и приближување кон потрошувачите, меѓу другото и со изградба на нови бензински станици.

Оваа нова бензинска станица, Ќојлија, инаку 126-тата бензинска станица во синџирот на Макпетрол, ќе ги снабдува потрошувачите со еуросупер 95, еуродизел, автоплин и метан, а ќе ги сервисира потребите на потрошувачите и со дополнителни услуги што ќе можат да ги добијат во современата продавница. Во бензинската станица се инвестирани околу 200 милиони денари и истата е изградена во согласност со највисоките пропишани безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Покрај услужливоста и професионалноот однос, секогаш на располагање на потрошувачите се нашите вработени кои се обучени да работат по највисоки стандарди.

Како што и самите можете да забележите, на оваа локација е изградена и станица за компримирање на природен гас, со што уште повеќе ќе го приближиме природниот гас до сите оние потрошувачи до кои гасоводот сеуште не е достапен“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

Инвестицискиот циклус на Макпетрол не завршува со оваа бензинска станица. Во завршна фаза на изградба е уште една нова бензинска станица во близина на Вевчани. Извесни се и вложувањата во осовременување и модернизирање на неколку постојни бензински станици и складови.