Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаОтворен е конкурс за локални зелени бизнис идеи

Отворен е конкурс за локални зелени бизнис идеи

Здружението за социјални иноваци „АРНО“ распишува конкурс за идеи/проекти за зелени бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина во Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.

Конкурсот се одржува од 2012 година и секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионалниот натпревар со најразлични зелени бизнис идеи.

– Интересно е што на конкурсот пристигнуваат најразлични идеи од оние најчестите за мед, органско производство, еко-фарми и слично, но ние ги охрабруваме апликантите да размислуваат пошироко. Важно е идејата да има општествено корисна компонента и бизнис логика. Идеите се оценуваат и во однос на тоа колку ја подобруваат околината, природата, односно не и штетат, вели Ирина Јаневска, координатор на проектот.