Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворен Дневен центар за аутизам во Штип

Отворен Дневен центар за аутизам во Штип

Во Штип е отворен дневен центар за децата со аутизам кој ќе служи за нивна анимација, совладување на пречките, дружење и социјализација, како и обезбедување на третман од стручни лица кој ќе им помогне и на самите родител.

dneven cetar autizam stip

„Овој дневен центар ќе претставува одлична поддршка на родителите на децата со аутизам, ќе работи на градење и развивање на способностите кои што ги имаат децата со аутизам, како и на стручна подготовка“ – изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Во дневниот центар ќе биде ангажирани стручни лица дефектолог, логопед, социјален работник и психолог. Центарот е финансиран од МТСП, на Центарот за социјални работи и со поддршка на Општина Штип.