Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворен број за пријавување штети од земјотресот – АРМ и МВР на готовс

Отворен број за пријавување штети од земјотресот – АРМ и МВР на готовс

Вонредна седница одржа Управувачкиот комитет за за кризи. Отворен е посебен телефонски број 195 на кој сите граѓани можат да побараат проценка дали нивните објекти се безбедни за живеење. Задолжени се сите општински кризни штабови да извршат увид на терен на состојбата на објектите и на инфраструктурата и да пријават штети.

Како што информирање владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и сите други институции, заедно со АРМ и МВР, се во состојба на зголемена готовност. Утрово се случија и два други помали земјотреса – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени.

Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави. Според информациите епицентарот на земјотресите бил на 7 километри источно од Скопје. Ова е втор по јачина земјотрес по катастрофалниот потрес во 1963 година кој загинаа 1.070 лица.