Tuesday, Feb 25, 2020
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОтстранета импровизираната бомба од Собранието

Отстранета импровизираната бомба од Собранието

policija sobranie novi (2) (1)

Припадници на одделението за антитероризам на МВР синоќа ја отстраниле импровизираната експлозивна направа пронајдена вчера попладне по 17 часот во Собранието во ходникот на 1-ви кат.

Од МВР изутринава информираа дека експлозивната направа е предадена за натамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.

Импровизираната направа се состоела од петарда со фитил кој бил врзан со селотејп за голема плинска боца за полнење запалки.

Началникот на обезбедувањето на Собранието го пријавил случајот вчера во 17:28 часот во ЕИК.