Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионОтровни кукли ги труеле црногорските деца

Отровни кукли ги труеле црногорските деца

masa

Откриени кинески кукли со отровни материи. Во популарните кукли од цртаниот филм „Маша и медо“, санитарните инспектори од Црна Гора пронашле недозволена количина фталат, кој предизвикува неплодност и може да го загрози здравјето на децата. Куклите Маша се повлечени од црногорскиот пазар бидејќи за време на контрола на безбедност на пластичните играчки кај пет примероци од оваа кукла се востановило дека содржи хемикалија фталат во количина над пропишаното ниво (0,1 отсто), пренесуваат регионалните медиуми.

Покрај оваа кукла, концентрација поголема од дозволеното на оваа хемикалија е пројадена и во сет на пластични пајчиња, музичка кукла и пластична кукла диверсити „фешн“ и гумена играчка „бабле тојс“ со потекло од Кина. На пазарот се пронајдени 160 парчиња, а увозниците и дистрибутерите ги преземаат сите мерки за неодложно повлекување од промет и отповикување (повлекување) од потрошувачите.