HomeДЕНЕШНАПолитикаОтповикана е контроверзната македонска амбасадорка во Хрватска

Отповикана е контроверзната македонска амбасадорка во Хрватска

Претседателот Ѓорге Иванов ја отповика македонската амбасадорка во Хрватска Даниела Караѓозоска поради тоа што мандатот на амбасадорката и завршува на 31 октомври, наведуваат од МВР, а не поради одредени барања на Синдикатот на македонската дипломатска служба за нејзина смена по серијата на политички испади за време на протестите во Македонија.
ambasadorka
Караѓозоска како истакната членка на ВМРО-ДПМНЕ извршуваше повеќе функции меѓу кои претседателка на унијата на жени на партијата, потоа беше советничка во собранието на град Скопје за да се искачи до амбасадорската функција во Хрватска.
Додека траеа протестите на Шарената револуција кои добија поддршка и од македонците во Загреб ги навреди дека биле организирани од странски агенди. Доста често хрватските медиуми ја провоцираа за политичката состојба во земјава, но таа речиси целосно да ги бранеше партиските ставови што беше неприфатлива за дипломатската служба.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com